Бремената Меган Маркл го гушка стомачето, па босонога практикува јога на плажа (фото)
- Детали
- петок, 19 октомври 2018
Малку јога потези, дружење со сурфери, боси нозе, макси фустан и тон насмевки... Меган ужива во бременоста за време на посетата на Австралија.
Принцот Хари и Меган Маркл се на официјална посета на Австралија, а деновиве во Сиднеј не можеа да ја одминат позната плажа „Bondi beach“.
Тие ги посетија локалните сурфери и говореа како менталното здравје се подобрува со забавни активности. Хари и Меган присуствуваа на средба каде луѓето отворено зборуваа за своите проблеми со менталното здравје.
При пристигнувањето Меган го милуваше своето трудничко стомаче.
Потоа, бремената војвотка босонога шеташе по плажата и им даваше поддршка на луѓето што практикуваат јога. И самата таа е вљубеничка во јога, а и нејзината мајка работи како јога инструктор.
Долгиот макси фустан со риги и минималната шминка беа совршен избор на војвотката за оваа пригода.
Прочитајте и Мрази кога со Фотошоп ѝ ги тргаат брчките: 13 интересни факти за Меган Маркл!
Средба полна со насмевки и позитивна енергија:
С. С. | Црнобело