Актерката што ја глумеше Касандра денес има 45 години и се бори против тумори
- Детали
- вторник, 02 октомври 2018
Кога се гледаше „Касандра“ улиците беа празни и тоа не само во Македонија, туку и во многу други држави во светот.
Венецуелската актерка Кораима Торес (45), позната како прекрасната Касандра од истоимената серија, неодамна откри дека се бори со сериозна болест. На нејзиното тело биле пронајдени 3 тумори, но за среќа бенигни, вели таа.
Таа откри дека во нејзиното семејство има историја на рак и дека секои 6 месеци одела на неопходните тестирања.
Моментално Кораима живее во Колумбија и е дел од кампањата за важноста на самопрегледите кај жените и раното детектирање на ракот на дојка.
Последно на што работеше на актерски план е теленовела во 2016 година.
Инаку хит серијата „Касандра“ се снимаше од 1992 година. Таа и Освалдо Риос ги имаа главните улоги, а серијата се емитуваше во 180 земји.
Дел од нејзините најнови фотки:
С. С. | Црнобело