Моќни лекции за љубовта од Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс
- Детали
- сабота, 25 август 2018
Блејк и Рајан велат дека најважно е да си во брак со некој што го сметаш за пријател.
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се во брак 6 години и на сите појавувања изгледаат многу вљубено.
Постојано си даваат комплименти еден на друг и си искажуваат благодарност.
Исто така, понекогаш споделуваат тајни како го одржуваат бракот среќен.
Лекции за љубовта од познатиот пар:
Не ги сфаќајте работите многу сериозно
Мора да знаете да се насмеете еден со друг. Блејк изјави дека е највљубена во својот сопруг кога прави и пишува забавни работи и ја смее.
Секогаш поддржувајте се еден со друг
Тие речиси секогаш се појавуваат заедно на црвениот килим и си се најголемите фанови еден на друг.
Емпатични се еден кон друг
Рајан изјави дека Блејк е инспиративна за него затоа што на сè гледа со емпатија.
„Дури и кога искажувате бес и омраза, таа ве тера да се ставите во кожата на другиот и да ги видите причините за тоа“, откри Рајан и заклучи дека сопругата го прави подобар човек.
Отворена комуникација
Блејк во едно интервју изјави дека со Рајан зборува како да ѝ е пријател кој ѝ помага да ги реши проблемите со сопругот.
За проблемите со другите момчиња им се жалела на другарките, но со него била пријателка две години пред да стапи во врска, па ситуацијата е поинаква.