Ева Мендез - секси и убава
- Детали
- понеделник, 20 септември 2010
Модната индустрија континуирано наметнува слаби, анорексични, неухранети жени како идеал за убавина. Освен што на мажите не им е јасно што...
...би требало да биде привлечно кај таквите жени, креаторите обично ги користат како закачалки за облеката.
Но, актерската индустрија повремено успева да пројави некоја ѕвезда која со својот изглед и тоа како потсетува дека е вистинска жена со облини.
Долго време оваа неприкосновена улога ја имаше Хали Бери. Неа полека но сигурно ја заменува Ева Мендес. Милиони гласачи ја одбраа оваа латино убавица за најсексипилна и најпосакувана жена.
Оваа 36-годишна недипломирана економистка ја започнува својата кариера во 90-тите години на минатиот век. Се појавува во спотовите на: Will Smith „Miami“, Pet Shop Boys „Se a vida e“ и Aerosmith „Hole in My Soul“.
Потоа следат улогите во филмовите Stuck on You, Once Upon a Time in Mexico, Hitch, Ghost Rider, The Spirit и секако неизоставните кампањи за Revlon, Levi's, Calvin Klein…
Зошто Ева лесно се вовлекува под кожа, проверете во продолжение: