Еминем е трезен 10 години, Бредли Купер – 14 години: Ѕвезди кои се откажале од алкохолот
- Детали
- четврток, 26 јули 2018
Додека постојат ѕвезди како Блејк Лајвли и Џенифер Хадсон кои воопшто не пијат алкохол, постојат и такви кои биле во борба да се откажат од него.
Многу познати личности биле зависни од алкохолот, а голем дел од нив отворено зборувале за нивниот проблем.
Тоа што се отвориле им помогнало и да побараат помош или едноставно да сфатат дека е време да се откажат.
Погледнете кои ѕвезди успеале да се изборат со алкохолизмот:
Еминем е трезен веќе 10 години откако во 2007-ма се соочил со предозирање.
Бредли Купер е трезен од неговата 29-та година, кога сфатил дека ако продолжи ќе си го уништи животот.
Криси Тајген престанала да пие откако сфатила дека го прави тоа пред секој настан и отворено се бореше со тоа додека беше на одмор со сопругот.
Кaлвин Харис престанал да пие кога имал 24 години бидејќи му штетело на работата, иако не бил зависник.