Бремена или не? Бијонсе на прошетка во Кан, повторно го крие стомакот (фото)
- Детали
- четврток, 12 јули 2018
Фановите шпекулираат дека поп дивата е бремена со своето четврто дете. Нејзиниот широк фустан дополнително ги разгоре гласините.
Бијонсе има европска турнеја со својот сопруг Џеј Зи. 36-годишната бринета, за која периодов не сопираат гласините дека повторно е бремена, беше уловена на прошетка во Кан, Франција, со сопругот и ќерката Блу Ајви.
Лелеавиот црвен фустан со длабоко деколте дополнително ги разгоре шпекулациите дека пејачката е бремена со четвртото дете.
Инаку, неодамна Бијонсе беше фотографирана и во Барселона, Шпанија, каде носеше кратки жешки шорцеви и од папарацо фотографите го криеше стомакот со чантата.
Фотки од нејзините прошетки во Франција и Шпанија:
С. С.| Црнобело