Бившиот сопруг на Меган Маркл си ја запросил новата девојка, 2 недели по кралската свадба
- Детали
- понеделник, 04 јуни 2018
Тревор Енгелсон, бившиот сопруг на Меган Маркл, викендов ѝ приредил романтично запросување на својата девојка.
Две недели по кралската свадба, 41-годишниот Тревор, решил дека е време да влезе во нов брак.
Неговата 31-годишна девојка Трејси добила дијамантски веренички прстен, додека Тревор бил клекнат на коленици.
Со оглед на фамата која се крена околу венчавката на Меган и Хари, нејзиниот поранешен сопруг ја напуштил земјата на неколку недели за да избегне било каква драма, додека работите не стивнат, тврдат странските медиуми.
Бившиот сопруг на Меган и неговата нова девојка се заедно нешто повеќе од една година.
Со Меган се венчал во 2011-та година, а набрзо потоа Меган ја доби улогата во ТВ серијата Suits. Поради работните обврски таа се преселила во Торонто, што придонело до заладување на љубовта и бракот, кој завршил неславно во 2013-та година.
Наводно, Маркл прекинала секаков контакт со Тревор откако му ги вратила вереничкиот и свадбениот прстен по пошта.
М. Д. | Црнобело