Славни личности кои не беа поканети на свадбата на Хари и Меган, иако се очекуваше нивното присуство
- Детали
- понеделник, 21 мај 2018
Уште пред да се одржи кралската свадба, беше јасно дека ќе има многу славни личности и ѕвезди-пријатели на принцот Хари и поранешната актерка Меган Маркл.
И како што беше очекувано, помеѓу гостите на кралската свадба се најдоа многу познати имиња кои заедно славеа со парот.
Сепак, имаше и многу такви кои многумина очекуваа да бидат поканети и да се појават, а сепак не беа дел од најпопуларната свадба годинава.
Кралското семејство е поврзано со многу „големи имиња“, па во продолжение погледнете кои од нив се очекуваше да бидат поканети, но не се појавија:
Анџелина Џоли
Според гласините, се веруваше дека Анџелина ќе се појави на кралската свадба, бидејќи била забележана на аеродромот во Лондон ден пред настанот и бидејќи има добар однос со кралицата која ја прогласи за почесна дама, но сепак не беше на листата гости.
Доналд Трамп
Кралските репортери изјавија дека Меган и Хари не сакале да даваат свадбени покани на политички лидери, независно дали се домашни или странски, вклучувајќи го и Доналд Трамп.
Ријана
Ријана и принцот Хари брзо се спријателија откако се запознаа на Барбадос за време на Карипската турнеја за Светскиот ден на СИДА во 2016-та, но сепак таа не беше дел од гостите.
Барак и Мишел Обама
И покрај блиското пријателство на поранешниот претстедател и прва дама на САД со кралското семејство и директно со младоженецот, тие сепак не беа поканети на церемонијата за кралската свадба.
Ед Ширан
Наводно било побарано од него да настапува на кралската свадба уште во февруари, но тој не беше забележан на големиот настан на 19-ти мај.
Повеќето членови на Spice Girls
Во последно време имаше многу гласини дека тие повторно ќе се обединат како група и ќе настапат на кралската свадба, но сепак некои од нив воопшто не биле поканети. Единствената членка на поранешната група која присуствуваше на свадбата е Викторија Бекам.
Никол Кидман и Том Круз
Актерите не се директно поврзани со Хари и Меган, но кога биле заедно, биле пријатели на кралското семејство, ја запознале принцезата Дијана и присуствувале на нејзиниот погреб, па многумина очекуваа дека можеби ќе бидат поканети и на свадба на нејзиниот син.
Тереза Меј
Премиерот на Британија не добила покана, веројатно од истата причина како за Доналд Трамп.
Јусејн Болт
Ѕвездата од Јамајка е пријател со принцот Хари неколку години, тие се фотографирани заедно, а Болт дури и се пошегувал дека планира да направи три момачки забави за свадбата на принцот во мај, но сепак не се појави на свадбата.
М. М. | Црнобело