11 знаци дека Меган Маркл веќе се чувствува „заробено“ од кралскиот живот
- Детали
- петок, 18 мај 2018
Меган постојано ја споредуваат со принцезата Дијана и со Кејт Мидлтон и нејзиниот живот повеќе нема така безгрижен тек како порано.
Соништата на Меган Маркл да биде дел од кралското семејство се остваруваат, но покрај сиот гламур и раскош, не е сè така розово.
Таа мора да трпи низа притисоци, да се откаже од работите што ги сака и да следи строги правила.
Знаци дека Меган Маркл веќе се чувствува „заробено“ од кралскиот живот:
Притисок да биде принцезата Дијана број 2
Меган има изјавено дека ја обожавала принцезата Дијана, но сега како да не може да ги избегне споредбите со нејзината почината свекрва.
Постојано ја споредуваат со Кејт Мидлтон
Ако не со Дијана, тогаш медиумите ја споредуваат со Кејт Мидлтон, особено во модниот стил и со тоа колку Кејт ја почитува традицијата, а Меган не.
Комплетна промена на животот
Меган Маркл имаше големи соништа и светла иднина во филмската индрустрија, но на изненадување на сите во ноември 2017 изјави дека се откажува од актерството.
Го затвори својот блог
На својот блог Меган споделуваше кулинарски трикови и искуства од секојдневниот живот. Таа велеше дека тоа е еден инспиративен и забавен проект во кој ужива, но за жал се откажа од него во име на кралскиот живот.
Престана да зборува за љубовта кон виното
Меган е позната како вљубеник во убавата храна и квалитетното вино и во минатото тоа постојано го споменуваше. Исто така, прикачуваше фотки на социјалните мрежи каде наздравува со вино и на нејзиниот блог пишуваше колку го сака виното. Сега не го прави тоа.
Повеќе нема Инстаграм и Фејсбук
Членовите на кралското семејство немаат свои профили на социјалните мрежи, па и Меган ги избриша своите.