11 знаци дека Меган Маркл веќе се чувствува „заробено“ од кралскиот живот
Збогум на безгрижните патувања
Меган ги има посетено Виетнам, Нов Зеланд, Хрватска и низа други земји каде се забавуваше без никој да ја следи, а отсега секогаш ќе има обезбедување до неа и папараци на сите страни.
Промена на рутините
Таа сака само да стави капче на главата, да земе кафе за носење и да ги шета нејзините кучиња. Но, 3-години постарата партнерка на принцот Хари сега кога се ближи до 40-тата ќе треба да поставува сосема нови рутини во својот живот.
Треба да внимава на имиџот
Порано се однесуваше како сакаше и изјавуваше што сакаше во медиумите, но сега сето тоа е контролирано. За неа огромен проблем е дури и скандалозното однесување на нејзиниот татко, кој само како да сака да направи финансиски профит од нејзината слава.
Поинакви модни избори
Иако, сè уште се обидува комплетно да не подлегне на кралските правила, стилот на Меган е драстично променет во духот на кралската традиција.
Збогум на прегратките во јавност
Допирањето на член на кралското семејство е строго забрането, па Меган која е позната како љубител на прегратките, ќе мора да внимава. Таа го прекрши правилото кога гушна едно 10-годишно девојче.
Прочитајте и зошто Меган мрази фотошоп и низа други интересни факти за неа!
С. С. | Црнобело