Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Израел e победник на Евровизија 2018

izrael-e-pobednik-na-evrovizija-2018-01.png

Вечерва, 13-ти мај, се одржа финалето на 63-тото издание на Евровизија во Лисабон, Португалија.

Гламурозна сцена, четири прекрасни водителки, одлична публика, славење на различностите и многу талент ни подари годинава најголемото музичко натпреварување. Единствена сенка на совршената организација на Евровизија фрли скандалот за време на настапот на Велика Британија, кога маж мина покрај обезбедувањето и за миг ѝ го зема микрофонот на британската претставничка.

На сцената видовме впечатливи настапи, многу енергија и завидни вокални способности на голем дел од натпреварувачите, а победата со 529 поени ја понесе претставничката на Израел Нета со песната „Toy“.

На второто место се најде Кипар, а на третото Австрија.

Македонија годинава ја претставуваа Eye Cue со песната „Lost And Found“ на првата полуфинална вечер, но за жал не се пласираа во финалето. Последен пат Македонија влезе во финалето пред 6 години во Баку кога нѐ претставуваше Калиопи со песната „Црно и бело“.

Македонија вечерва 12 поени ѝ даде на Естонија.

Погледнете го победничкиот настап на Израел:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На 7 години стекнаа популарност, ја критикуваа мајка им – Како изгледаат денес најубавите близначки ... Една нивна фотографија објавена на Инстаграм веднаш ги освои сите низ светот, а ...
Познати личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2024-та Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот, додека Лиам Пејн трагично загина на сам...
Бјанка Сенсори со разголените аутфити, аферата на Хју Џекмен: Најскандалозните славни личности во 20... Покрај тужбите против Пи Диди и Џеј Зи, овде се Блејк Лајвли и Џастин Балдони и ...
Кралица на модните промашувања: Бившата на Том Круз во сандали и црни чорапи низ Њујорк Кејти Холмс повторно покажа дека е „кралица на невкусот“, откако облече црни сан...
Бред Пит и Џорџ Клуни на вечера со саканите жени во Венеција – моќно пријателско дуо, без љубомората... Пријателското дуо Џорџ Клуни и Бред Пит се атракција во Венеција со секое нивно ...
Една од најубавите жени на светот на настан со ексцентричниот син - Тој повторно е во чудно модно из... 22-годишниот син на Елизабет Харли е копија на неа. Демијан привлекува внимание ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg