Познати фаци кои не се поднесуваат, а се сликале заедно
- Детали
- петок, 11 мај 2018
Голем дел од славните личности се егоцентрични. Не сакаат да го споделат ни воздухот, а камоли просторот за фотографирање со своите ривали. Сепак, тие се најдоа во ист кадар.
Кога ќе наидете на заедничка фотка од ѕвезди меѓу кои постои нетрпеливост, тоа може да значи две нешта. Прво, некогаш биле во добри односи, па сликата потекнува од тоа време. Второ, отсекогаш се мразеле, но се доволно лицемерни да се фотографираат едни до други.
Ова се познатите фаци кои не се поднесуваат, а се сликале заедно:
Мараја Кери и Ники Минаж
Поп ѕвездите водат медиумска „војна“ од времето кога беа судии во шоуто „American Idol“. По нејзини зборови, искуството за Мараја Кери било како „секој ден да оди на работа во пеколот со Сатаната.“ Секако, ниту Ники Минаж не ѝ остана должна за коментар(и), па оттогаш до денес, тие јавно се препукуваат.
Кети Пери и Тејлор Свифт
Бидејќи Тејлор Свифт има репутација на ѕвезда со помалку пријатели, одошто непријатели, не е некое големо изненадување што колешката Кети Пери премина од првата во втората група. Поп пејачките имаат милиони фанови – ама очигледно не им беа доволни. Тиквата „пукна“ поради ривалството меѓу нив, по што Свифт ѝ ја посвети песната „Bad Blood“ на Пери.
Доналд Трамп и Алек Болдвин
Не е тајна дека ни комичарката Тина Феј не го обожава американскиот претседател. Меѓутоа, најголем анимозитет на фотката постои помеѓу него и актерот Алек Болдвин. Тој е познат по комичните, но и навредливи имитации на Доналд Трамп во „Saturday Night Live“. После некое време, Трамп се огласи со мислење на Твитер. Ова беше почеток на нивната битка на социјалните мрежи, па тешко дека ќе се најдат во иста просторија уште еднаш.
Парис Хилтон и Ким Кардашијан
Богатата наследничка го презира патот до славата на старлетата. Зошто? Бидејќи ја фрли во сенка! Пред да доживее „бум“ во светот на шоу бизнисот, Ким Кардашијан ѝ беше асистентка на Парис Хилтон. Во тоа време, русокосата се наоѓаше на врвот од Холивуд. Но, исплива секс снимката на Кардашијан, па нештата се променија. Таа стана ѕвезда на реалното шоу, а Хилтон доживеа вртоглав пад. Уште ѝ нема простено за поразот.
Сет Роген и Џастин Бибер
Актерот не го воодушеви запознавањето со најголемата тинејџерска ѕвезда. По нивната куса средба, Сет Роген брутално го навреди на Твитер, пишувајќи: „Шегите настрана, Џастин Бибер е г*мно.“ Јавноста не беше претерано шокирана, бидејќи двајцата никогаш не ни имаа потенцијал да станат добри пријатели. На Бибер не му требаше долго време да го возврати ударот, па му одговори: „Извини што не паднав на колена кога ти пријдов да се запознаеме.“
Бијонсе и Ким Кардашијан
Иако старлетата е голем фан на Бијонсе, музичката дива не ги споделува истите чувства кон Ким Кардашијан. Со години, таа избегнува да биде видена во нејзина близина, или, пак, на било кој начин да ја поврзуваат со скандалозната дама. Ја одбила дури и да ѝ биде деверица на свадбата. А, се зборува дека ѝ има посветено и иронични стихови во една од нејзините песни.