Криси Тајген на своја сметка: Трудна и несредена си замислува дека е на Мет Гала
- Детали
- вторник, 08 мај 2018
Криси Тајген заради бременоста не присуствуваше на овогодинешната Мет Гала, но сепак си најде начин да се забавува на сметка на настанот, од дома.
Криси објави фотка од неа во понеделникот вечер, како лежи на кауч со гол труднички стомак, си игра на телефон и гледа телевизија.
Во описот на фотката таа напиша: „Чекајќи го мојот ред на црвениот тепих на Мет Гала!!! Секогаш ми е чест!!!“
Очигледно на Криси ѝ било тешко што не може да присуствува на настанот, а и многу досадно додека само таа седи дома, па продолжи да прави шеги на своја сметка.
По таа објава, следеше мини „туторијал“ за гламурозен и блескав изглед:
„Прво ја измив косата со шампон, а потоа оставив да отстои 4 минути додека ги бричев деловите кои можам да ги видам на моето тело. Потоа искористив пешкир да ја исушам косата од корен до врвовите. Потоа искористив ластиче за да ја фатам косата во опавче, внимателно да не ја уништам. На крај, извадив неколку прамени околу вратот и ушите!“ – напиша таа.
Досадата на Криси очигледно не познава за граници, па за крај, објави уште еден пост од нејзиното природно, ненашминкано лице и напиша дека е всушност многу љубоморна што не присуствува на Мет Галата:
За потсетување, минатата година Криси изгледаше неверојатно во бел фустан на Мет Галата и блескаше покрај сопругот кој ја пратеше со црно-бела комбинација.
М. М. | Црнобело