Нови фотки од третото кралско дете заедно со принцезата Шарлот
- Детали
- недела, 06 мај 2018
Кејт Мидлтон неодамна се породи со нејзиното трете дете, а цел ден сите фанови чекаа да се појават пред болницата.
Неколку часа по породувањето, таа и принцот Вилијам излегоа пред болницата заедно со нивното синче, каде сите можеа да го видат за првпат третото кралско дете.
Сега, на официјалниот Инстаграм профил на Кенсингтонската палата се објавени две нови фотки од новородениот принц.
Едната фотка каде принцот Луи лежи сам е направена од Кејт на 26-ти април, а на другата од 2-ри мај, може да се забележи како неговата сестра, принцезата Шарлот, го бакнува во чело додека спие.
Неколку дена по породувањето, на официјалниот Твитер профил тие споделија дека малиот принц ќе се вика Луи Артур Чарлс.
?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.crnobelo.com%2Fnovosti%2Fshou-biznis-i-trac%2F58263-kejt-i-vilijam-spodelija-koe-ime-go-odbrale-za-tretoto-dete
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





