Кејт Мидлтон го роди третото кралско дете - момче!
- Детали
- понеделник, 23 април 2018
Кејт Мидлтон денес рано наутро беше примена во болницата St. Mary’s во Лондон, откако породилните болки започнале.
Кејт пристигнала во болницата заедно со Вилијам. На истото место ги има родено и принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Пред болницата денес половина ден имаше новинари и фанови кои го очекуваа третото кралско бебе.
Третото дете на Кејт и Вилијам се родило 1 минута по 11 часот претпладне, а тоа го потврди и официјалното соопштение од Кенсингтонска палата.
Машкото бебе тежи 3 килограми и 800 грама, а на породувањето присуствувал и принцот Вилијам.
Кејт Мидлтон и бебето се во добра здравствена состојба, се потврдува во соопштението.
Her Royal Highness The Duchess of Cambridge was safely delivered of a son at 1101hrs.
— Kensington Palace (@KensingtonRoyal) April 23, 2018
The baby weighs 8lbs 7oz.
The Duke of Cambridge was present for the birth.
Her Royal Highness and her child are both doing well.
Новостите пристигнаа само два дена по роденденот на кралицата Елизабета.
М. Д. | Црнобело