Први фотки од третото кралско дете, синчето на Кејт и Вилијам (фото)
- Детали
- вторник, 24 април 2018
Традиционално, по породувањето на Кејт Мидлтон, сите беа во исчекувањето да го запознаат третото кралско дете.
Кејт и Вилијам заедно со новороденчето се појавија на скалите пред болницата, само неколку часа по неговото раѓање.
Кејт беше облечена во црвен миди фустан, креација на Jenny Packham, која сите ги потсети на излегувањето на принцезата Дијана од болница со принцот Хари.
Неколку часа пред светот да го запознае малиот принц, на посета отидоа принцот Џорџ и принцезата Шарлот заедно со Вилијам.
Фотки од тоа како изгледаше „дочекот“ на третото кралско бебе вчера пред болницата во Лондон:
Сите детали за породувањето на Кејт може да ги прочитате тука.
М. Д. | Црнобело