Невозвратена љубов: Ѕвезди кои добиле „корпа“ од други ѕвезди
- Детали
- петок, 13 април 2018
Постои ли жена што може да му одолее на Џорџ Клуни? Да. Нејзиното име е Ева Лонгорија. Знаевте ли и дека Кара Делевињ го откачила Леонардо ди Каприо, нарекувајќи го престар и пренападен?
Невозвратената љубов не е никогаш пријатна. Особено за одбиената страна. А, замислете си како ли им е само на богатите и славните, кои се навикнати другите да паѓаат во несвест, кога и да им намигнат со окото?! Сепак, многумина го доживеале токму тоа - од слични на нив.
Ова се ѕвездите кои добиле „корпа“ од други ѕвезди:
Тејлор Свифт од Бредли Купер
Младоста не секогаш е адут за освојување на мажите. Ова на своја кожа го има осетено популарната кантавторка Тејлор Свифт. На забавата по доделувањето на Златните глобуси во 2013 година, пејачката ја замолила актерката Џенифер Лоренс да ја запознае со Бредли Купер. Меѓутоа, глумецот ѝ дал „корпа“ на Тејлор, сметајќи дека е премлада за него.
Селена Гомез од Џорџ Шели
Oткако дознала дека му е симпатија, на преубавата Селена Гомез ѝ паднал во очи пејачот Џорџ Шели од бендот Union J. Па, не само што го покани состанок, туку сними и видео порака специјално за него, порачувајќи му дека е во Лондон и очекува да ѝ се јави. Верувале или не, тоа не се случило. Во интервју на радио, Гомез призна дека не само што не се виделе, туку не се ни чуле: „Џорџ не ми се јави. Навистина сум навредена.“.
Џастин Бибер од Џенифер Лоренс
Во ноември 2015 година, пејачот одлучи да си ја проба среќата со актерката Џенифер Лоренс. Гостувајќи во емисија на радиото Capital FM, Џастин Бибер откри дека би сакал да ѝ биде дечко на оскаровката: „Таа е пресекси. Таа е неверојатна. Таа е преслатка.“ Зборoвите допреа до ушите на Лоренс, па реши да му возврати на емоциите. Нејзиниот конечен одговор беше: „Не.“
Џорџ Клуни од Ева Лонгорија
Пред да заплови во брачните води со Амал Клуни, актерот беше нескротлив заводник. И понатаму високо котира на листите за најсекси мажи во светот. Сепак, неодоливата Ева Лонгорија не ја „купил“ со неговиот изглед.
Џорџ Клуни посакувал нешто повеќе од пријателство со латино убавицата, па пробал да ја освои. Меѓутоа, фактот што во исто време се гледал и со бившата девојка Стејси Киблер, нималку не ѝ се допаднал на глумицата. Одбила да биде со него – доколку таа не е една и единствена.
Џејмс Франко од Кристен Стјуарт
Во септември 2012 година, Џејмс Франко и Кристен Стјуарт налетале еден на друг на филмскиот фестивал во Торонто. Наводно, глумецот се „вљубил“ на прв поглед во колешката. 20 минути ја опсипувал со комплименти на нејзина сметка, па се обидел да ја „ќари“, канејќи ја на вечера. Иако ѝ годело вниманието од Франко, таа сепак не ја прифатила понудата.
Дрејк од Ријана
Mузичката соработка помеѓу Дрејк и Ријана цути со години. Љубовта и не баш. Двајцата имаат долга заедничка историја, но не им не се посреќи како пар. Доделувајќи ѝ награда на VMA во 2016 година, раперот ги искажа своите чувства кон Рири пред милионите гледачи.
„Во неа сум вљубен од мои 22 години.“, изјави Дрејк во емотивниот говор. Но, се чини дека ова не ја трогна убавицата од Барбадос. Кога се обиде да ја бакне, таа му ја оттргна главата. Подоцна и го прекори на социјалните мрежи.