Поради љубоморните сопруги: Ѕвезди кои не смеат да работат заедно

Кој се плаши од фаталната Анџелина Џоли? Зошто на Нина Добрев и Ијан Сомерхолдер им е забрането повторно да застанат пред камера?

poradi-ljubomornite-soprugi-dzvezdi-koi-ne-smee-da-rabotat-zaedno-1.png

Познато е дека мноштво романси, но и прељубнички афери, родени се при снимањето на холивудските филмови и серии. Хемијата помеѓу ликовите, глумците неретко ја пренесуваат и во вистинскиот живот. Но, кога страста ќе се разгори, многумина не размислуваат за последиците.

Неодамна пишувавме за актерот Јуан Мекгрегор, кој ги напушти жената и децата за љубовницата, па таа го откачи бидејќи ѝ штети на угледот. Романсата помеѓу глумецот и колешката Мери Елизабет започна за време на снимањето на серијата „Fargo“. А, стави точка на неговиот дведецениски брак. 

poradi-ljubomornite-soprugi-dzvezdi-koi-ne-smee-da-rabotat-zaedno-2.jpg

Свежи ни се и сеќавањата и за љубовниот триаголник што ја разбранува јавноста. Бред Пит и Џенифер Анистон беа пет години во брак, кога актерот започна со снимање на филмот „Mr. & Mrs. Smith“, каде главната женска улога ја имаше занесната Анџелина Џоли. Навидум складниот брачен пар се разведе, а причината беше преубавата глумица. По сопствено признание, Бред и Анџелина се вљубиле на филмскиот сет.

poradi-ljubomornite-soprugi-dzvezdi-koi-ne-smee-da-rabotat-zaedno-3.jpg

За да избегнат слично сценарио во сопствениот брак, дел од понежните половини им забранија на своите сакани мажи да снимаат со одредени глумици.

Па, поради љубоморните сопруги, ова се ѕвездите кои не смеaт да работат заедно:

Ијан Сомерхолдер и Нина Добрев

poradi-ljubomornite-soprugi-dzvezdi-koi-ne-smee-da-rabotat-zaedno-4.png

Љубовта помеѓу актерите Ијан Сомерхолдер и Нина Добрев се роди за време на прикажувањето на хит серијата „The Vampire Diaries“. Парот беше во врска од 2010 до 2013 година.

poradi-ljubomornite-soprugi-dzvezdi-koi-ne-smee-da-rabotat-zaedno-5.jpg

Во 2014 година, пак, глумецот почна да се забавува со колешката Ники Рид. Се венчаа една година подоцна, а лани го добија и првото дете.

poradi-ljubomornite-soprugi-dzvezdi-koi-ne-smee-da-rabotat-zaedno-5 (2).jpg

Фановите кои се надеваат на нов проект со Сомерхолдер и Добрев во главните улоги, веројатно ќе останат разочарани. Ијан веќе не смее да застане пред камера со бившата, бидејќи неговата сегашна жена нема да биде среќна поради тоа.

Џенифер Гарнер и Скот Фоули  

poradi-ljubomornite-soprugi-dzvezdi-koi-ne-smee-da-rabotat-zaedno-7.png

Џенифер Гарнер и Скот Фоули се запознале при снимањето на серијата „Felicity во 1998 година. Aктерската двојка беше во брак од 2000 до 2004 година.

poradi-ljubomornite-soprugi-dzvezdi-koi-ne-smee-da-rabotat-zaedno-8.jpg

После разводот, американскиот глумец се прежени за колешката Марика Доминчик. Гарнер, пак, се омажи, а подоцна и се разведе од Бен Афлек.

poradi-ljubomornite-soprugi-dzvezdi-koi-ne-smee-da-rabotat-zaedno-9.jpg

Сегашната жена на Скот Фоули не сака да ги гледа некогашните сопружници заедно - дури ни на филмското платно.

Хју Џекмен и Анџелина Џоли

poradi-ljubomornite-soprugi-dzvezdi-koi-ne-smee-da-rabotat-zaedno-10.png

Хју Џекмен ја обожава својата 13 години постара сопруга. Заедно се повеќе од две децении во брак.

poradi-ljubomornite-soprugi-dzvezdi-koi-ne-smee-da-rabotat-zaedno-11.jpg

Сепак, 62-годишната Дебора-Ли Фурнес се плаши дека една жена може да ѝ ги замрси конците. Станува збор за фаталната Анџелина Џоли.

poradi-ljubomornite-soprugi-dzvezdi-koi-ne-smee-da-rabotat-zaedno-12.jpg

Таа дури и јавно призна дека не му дозволува на актерот да глуми заедно со холивудската убавица. 

Кристен Стјуарт и Руперт Сандерс

poradi-ljubomornite-soprugi-dzvezdi-koi-ne-smee-da-rabotat-zaedno-13.jpg

19-години постариот режисер и актерката имаа тајна афера, дури тој беше во брак со Либерти Рос. Откако беа фотографирани како разменуваат нежности во 2012 година, обајцата се огласија со јавно извинување.

poradi-ljubomornite-soprugi-dzvezdi-koi-ne-smee-da-rabotat-zaedno-14.jpg

Сопругата му забрани на Руперт Сандерс веќе некогаш да снима филм со љубовницата. Меѓутоа, бракот им се распадна две години подоцна.

poradi-ljubomornite-soprugi-dzvezdi-koi-ne-smee-da-rabotat-zaedno-16.jpg

А, не опстана ниту врската помеѓу Кристен Стјуарт и нејзиниот колега Роберт Патинсон – исто така поради неверството.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Бред Пит разочаран, Анџелина Џоли среќна – Шајло се откажа од презимето на татко ѝ преку весник Биолошката ќерка на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажа од презимето на татко ѝ п...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Анџелина Џоли најмила убиец во младоста за да ја убие: „Тој ме премисли – ме натера да сфатам дека т... „Беше навистина учтив и ми рече да размислам убаво па да го побарам по два месец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg