Ги напушти жената и децата за неа, а сега таа го откачи бидејќи ѝ штети на угледот
- Детали
- понеделник, 26 февруари 2018
После неколку месеци врска, актерката Мери Елизабет Винстед (33) стави крај на односот со 13 години постариот колега Јуан Мекгрегор (46). Заради љубовницата, славниот глумец ја остави сопругата Ева Мавракис по 22 години брак. Заедно имаат четири ќерки.
Романсата помеѓу Јуан и Мери Елизабет започна за време на снимањето на серијата „Fargo“. Не постоеше медиум кој не ја објави веста за неговата прељуба, а младата глумица заклучила дека таквата врска ѝ е повеќе од штета, одошто корист.
„Таа не сака да биде етикетирана како растурачка на бракови. Срам ѝ е. Го одбра погрешниот момент. Жално е, затоа што Јуан и сопругата беа во одлични односи пред година дена. Но, тој отфрли сѐ поради Мери Елизабет. А, сега изгледа ги изгуби и двете.“, откри близок извор за Daily Mail.
Иако британските новинари стапија во контакт и со сопругата на Мекгрегор, се чини дека Ева Мавракис (51) баш и не е дарежлива на зборови.
„Извинете, немам слушнато за тоа. Навистина не знам.“, гласи нејзиниот кус коментар.
За улогата во серијата „Fargo“, глумецот се закити со наградата Златен глобус за најдобар актер минатиот месец, а во својот говор им се заблагодари како на сопругата, така и на љубовницата.
„Сакам да ѝ се заблагодарам на Ева, која беше покрај мене 22 години, како и нашите деца.“, изјави тој, а во продолжение од говорот ја спомна и Мери, со која прво ја изневеруваше сопругата, а подоцна одлучи и да побара развод.
Кармата е „ку*ка“, зар не?
Прочитајте каква судбина ги снајде и останатите славни двојки чија врска започна со неверство.
М. А. | Црнобело