21 година љубов: Хју Џекмен ја обожава својата 13 години постара сопруга (фото)
- Детали
- среда, 17 јануари 2018
Хју Џекмен често знае да изјави дека омилени мигови од животот не му се оние под рефлекторите на црвениот тепих, туку миговите минати со неговата сопруга и децата.
Хју Џекмен (49) и Дебора-Ли Фурнес (62) и покрај тоа што се веќе 21 година во брак, не забораваат на романтиката.
Легендарниот актер со својата сопруга периодов ужива во романтичната престолнина на Франција.
Парот, кој има две деца, изгледаше кежуал и шик, а за време на престојот во Париз имаше и средба со Кајли Миног.
Хју постојано ја држи својата сакана за рака, a како периодов во Париз, така и во сите други пригоди тие уживаат во миговите минати заедно и изгледаат навистина вљубено.
Дел од нивните заеднички фотографии:
С. С. | Црнобело