Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Во сенка на сопругата: Зошто Канје се крие позади Ким?

Позата открива многу за карактерите, но и односот на светски популарната двојка Кардашијан-Вест. 

vo-senka-na-soprugata-zoshto-kanje-se-krie-pozadi-kim-1.png

Тие се брачен пар што буквално живее пред камерите. Снимаат реално шоу и везден се сликаат за социјалните мрежи.

Навикнати се и на блицот од фоторепортерите, кога и да стапнат на црвениот тепих. А, како ова да не е доволно, папараците ги демнат каде и да се појават. 

vo-senka-na-soprugata-zoshto-kanje-se-krie-pozadi-kim-2.jpeg

Сепак, се чини дека ни после толку години, Ким Кардашијан и Канје Вест не се подеднакво опуштени, барем кога се работи за заедничкото позирање.

Веројатно сте забележале дека наместо да стои покрај сопругата, раперот редовно е во нејзина сенка, односно се крие позади старлетата. Што е причината?

vo-senka-na-soprugata-zoshto-kanje-se-krie-pozadi-kim-3.jpeg

Одговорот го дадоа двајца професионалци за говор на телото и детектирање лаги, правејќи анализа на динамиката во нивната врска.

Според експертите, позата при фотографирање не открива само како сопружниците се поврзани еден со друг, туку многу говори и за индивидуалниот карактер. 

vo-senka-na-soprugata-zoshto-kanje-se-krie-pozadi-kim-4.jpg

„Станува збор за славна двојка со огромна моќ, па многумина би помислиле дека обајцата ќе сакаат да го споделат вниманието. Ова мошне често го прават другите холивудски ѕвезди, така што застануваат рамо до рамо со партнерите. Но, кога се тие во прашање, не е така.

Канје свесно одбира да го сокрие своето тело позади фигурата на Ким. Прави да изгледа помало и во подредена положба, внимавајќи да не ги украде погледите. Раперот ја користи сопругата како проактивна бариера, која му овозможува да се вклопи во околината, без сите очи да бидат вперени кон него.“

vo-senka-na-soprugata-zoshto-kanje-se-krie-pozadi-kim-5.jpeg

По мислење на Дарен Стентон, говорот на тело одава впечаток дека Канје Вест е срамежлив по природа, а Ким Кардашијан е полна со самодоверба, па не се плаши да биде во фокусот.

vo-senka-na-soprugata-zoshto-kanje-se-krie-pozadi-kim-6.jpg

Можно е мажот и несвесно да се постави позади партнерката - како знак на заштита.

Меѓутоа, експертката Пати Вуд тврди дека овој начин на позирање е масло на старлетата. Убавицата сама се става во преден план. 

vo-senka-na-soprugata-zoshto-kanje-se-krie-pozadi-kim-7.jpeg

„Ако дамата го истакнува целото тело и гледа директно кон камерата, таа покажува желба да биде број 1. Ким е главна на фотографиите. Очигледно е дека се чувствува добро во своја кожа, како и она што го носи на себе.

Истовремено, се забележуваат и знаци на алфа жена, како што се нагласениот колк, рацете на колковите и придвижување на едно од стапалата кон надвор. Ги користи да ја покаже нејзината супериорна моќ.“ 

vo-senka-na-soprugata-zoshto-kanje-se-krie-pozadi-kim-8.jpg

На крајот, професионалците се децидни дека тие како карактери не си противречат, туку се врамнотежуваат во врската.  

„Од фотографиите може да се заклучи дека егото на Канје е потполно притаено во односот кон Ким. Не му пречи што таа доминира. Напротив. Среќен е што сопругата е во центарот на вниманието.“

vo-senka-na-soprugata-zoshto-kanje-se-krie-pozadi-kim-9.jpeg

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Канје и Бјанка (повторно) пред развод, по скандалот на Греми 2025: „Не сака да биде дел од неговиот ... По скандалот на Греми и расистичките твитови во кои вели дека го сака Хитлер, Бј...
Ким Кардашијан на скршеното стапало си стави гипс во облик на висока потпетица + црвени нокти Коментарите се од „Иновативно“ до „Скршено стапало не треба да биде во гипс со о...
Се прослави со Нетфликс серија, беше жртва на онлајн булинг: Која е корејската актерка која изврши с... Ким Сае-рон од Јужна Кореја важеше за надежна актерка и на само 24 години веќе с...
Ќерката на Ким и Канје се гушка со маќеата, додека мама очајно бара помош да се справи со децата Најстарата ќерка на Ким и Канје, Норт, очигледно се поврзува со девојката на тат...
Викторија Бекам – елка без лампиони: Како украсија славните за празниците? (фото) Кортни Кардашијан има елка свртена наопаку, додека сестра ѝ Ким се пофали со огр...
Едвај дише, едвај оди – Што сѐ е подготвена да направи Ким Кардашијан за да биде ѕвезда на Мет гала? „Ако чевлите имаа потпетица, таа може да се закачи за здолништето. Дишењето во к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg