Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


По 9 години брак и магична љубов: Ченинг и Џена Татум се разделуваат

Ченинг и Џена Татум секогаш важеа за пар со магична љубов која насекаде ја покажуваа, а сега таа очигледно згасна.

po-9-godini-brak-i-magichna-ljubov-chening-i-djena-tatum-se-razdeluvaat-01.jpg

Првите искри помеѓу актерите започнаа на снимањето на „Step Up“ и оттогаш тие важеа за еден од најсреќните парови во Холивуд со искрена љубов.

po-9-godini-brak-i-magichna-ljubov-chening-i-djena-tatum-se-razdeluvaat-02.jpg

Ченинг и Џена во август 2016-та ја повторија нивната легендарна сцена од филмот, како прослава за 10-годишнината од истиот.

?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.crnobelo.com%2Fnovosti%2Fshou-biznis-i-trac%2F52611-ja-lazhev-deka-ne-sakam-da-se-venchame-zlobniot-plan-za-zaprosuvanje-na-channing-tatum

Неодамна тој реши да се отвори за нивната љубов и призна дека направил нешто „малку злобно“ во периодот кога сакал да ја запроси Џена, но со цел таа да не му ја открие намерата.

Тој ја запроси во 2008-та на патување на Хаваи, а во 2009-та заблескаа на нивната свадба. Парот има 4-годишна ќерка на која ѝ се многу посветени. 

po-9-godini-brak-i-magichna-ljubov-chening-i-djena-tatum-se-razdeluvaat-03.jpg

Сепак, изгледа дека дури и во најмагичната љубов има кризи, со оглед на тоа што по 9 години брак, Ченинг објави Инстаграм фотографија на која сподели со фановите дека тие се разделуваат.

„Здраво на сите! Имаме нешто што би сакале да споделиме.

Прво, малку е чудно да се сподели вакво нешто со сите, но тоа е последица на животот кој одбравме да го водиме, за кој сепак сме многу благодарни. Живееме во време во кое вистината може лесно да биде искривена и претворена во алтернативни факти. Затоа сакаме да ја споделиме вистината, за да знаете дека ако прочитате нешто поразлично од ова, дека е измислено.

Ние одлучивме да се разделиме како пар, на добар начин. Пред многу години, многу се заљубивме и имавме магична заедничка авантура. Апсолутно ништо не се промени во нашата љубов, но љубовта е убава авантура и нè носи на различни патишта засега. Нема никакви тајни ниту застрашувачки случувања како причина за нашата одлука – едноставно, двајца најдобри пријатели сфатија дека е време да си дадат малку простор и да си помогнат најдобро што можат меѓусебно да живеат радосен и исполнет живот.

Сè уште сме семејство и секогаш ќе бидеме посветени родители на Еверли. Нема да коментираме повеќе од ова и однапред ви се заблагодаруваме што ќе ја почитувате приватноста на семејството.

Праќаме многу љубов до сите,

Чен и Џена.“

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg