„Ја лажев дека не сакам да се венчаме“ - Злобниот план за запросување на Ченинг Татум
- Детали
- петок, 25 август 2017
Ченинг и Џена Татум важат за еден од најсреќните парови во Холивуд, а нивната приказна започна на снимањето на филмот Step Up.
Ченинг после долго време реши да открие една мала тајна за периодот кога ја запросил неговата сегашна сопруга и мора да признаеме, не е воопшто романтично.
„Кога ја запросував Џена, направив нешто многу злобно, бидејќи мислев дека ми ја открила намерата. Буквално ѝ кажав дека не сакам да се женам за да ѝ ги оттргнам мислите и да не сфати што правам.“ – признава тој.
„Ѝ кажав: Не верувам во бракот и мислам дека не сакам никогаш да се оженам. Таа почна да плаче. Сфатив дека планот не оди во добра насока, па морав да ја запросам што побрзо.“ – продолжи актерот.
Ченинг клекна на колена во 2008-ма за време на нивното патување на Хаваи, а и покрај ужасната шега, Џена секако прифати. На свадбата тие изгледаа прекрасно.
Тие иако се запознаа на снимањето на Step Up, сепак не почнаа да се гледаат сѐ до крајот на снимањето.
Ченинг и Џена во август 2016-та ја повторија нивната легендарна сцена од филмот, како прослава за 10-годишнината.
We had to. #stepup10years pic.twitter.com/nVdn9zg4ox
— Jenna Dewan (@jennadewan) August 11, 2016
М. М. | Црнобело