Внуките на Каролина Гочева ѝ беа најголема поддршка на концертите во родниот град (фото)
- Детали
- четврток, 29 март 2018
Каролина ужива во секој миг минат со Луција и Инес, а тие присуствуваа дури и на пробите за концертите во Битола.
По седум прекрасни концерти во Скопје и еден во Охрид, Каролина Гочева одржа и два концерти во својот роден град Битола.
Со паролата „Каролина се враќа дома“ концертните промоции на албумот „Извор“ се одржаа во Домот на културата во Битола, а нашата дива овојпат се одлучи за монохроматски дамски стајлинг.
Во црна креација на сцената, таа повторно ја маѓепса публиката со својот моќен вокал и песните за душа.
Поддршка при подготовките на концертот ѝ беа најблиските, а особено нејзините внуки Луција и Инес, кои дури присуствуваа и на пробите и одлично се забавуваа слушајќи ја тетка си како пее.
Атмосферата на првиот од двата концерти во Битола:
Фотографии: Сашо Богоевски / Фејсбук: Каролина Гочева
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





