Како семејството на Меган Маркл може да остави темна дамка на кралската свадба?
Семејството на Меган, со исклучок на мајка ѝ, можеби нема да биде покането на свадбата
Меган и Хари поканија илјадници луѓе, но Саманта и Томас сè уште не се одобрени на листата на гости.
Тие изјавија дека би им било задоволство да бидат дел од нејзиниот голем ден, но сепак дека одлуката останува на неа.
Хари не разговара многу со таткото на Меган
Во една пригода Меган изјави дека Хари разговарал телефонски неколку пати со нејзиниот татко, но сè уште немале можност да се сретнат. Во медиумите се пишуваше дека парот треба да оди во Мексико на средба со таткото на Меган, но дали се изреализирал планот е непознато.
Инаку, таткото на Меган изјави дека е пресреќен за ќерка си и дека Хари е вистински кавалер.
Мајката на Меган ќе ја испрати до олтарот, а не нејзиниот татко
Наместо според традицијата татко ѝ да ја испрати, Меган најверојатно до олтарот ќе ја испрати нејзината мајка Дориа.
И принцот Хари ја обожава мајката на својата идна сопруга.
Родителите на Меган се разведени, а татко ѝ прогласил банкрот
Родителите на Меган се развеле кога таа имала само шест години. Нејзиниот татко Том потоа со години минувал низ финансиски проблеми, а во 2016 година прогласил банкрот.
Саманта во една пригода ја критикуваше Меган што не му помагала финансиски на татка си, а носела вртоглаво скапи фустани.
Меган со сестра си последен пат се видела во 2008 година, а зборувале на телефон последен пат кон крајот на 2014 година. Единствен член од семејството со кој е блиска е нејзината мајка Дориа.
Прочитајте ги и интересните факти за Меган Маркл - мрази кога со Фотошоп ѝ ги тргаат брчките, е еден од нив!
С. С. | Црнобело