Славни дами кои заработуваат многу повеќе пари од партнерите
- Детали
- вторник, 27 март 2018
Мислевте дека на Меган Маркл ѝ се посреќи со принцот Хари, па конечно ќе почувствува што значи луксузен живот? Или дека на Ким Кардашијан ѝ падна секирата во мед, откако се омажи за раперот Канје Вест? Не е така.
„Спонзоруша“ е жаргонскиот термин што се користи за описот на жена, која при изборот на партнер се води првенствено од материјалната корист.
А, овие славни дами не само што не се вклопуваат во дефиницијата, туку и прават нивните избраници да делуваат како вистински „среќници“, бидејќи покрај себе имаат толку способни животни сопатнички.
Знаевте ли дека Канје заработува трипати помалку од Ким? Или дека Меган „тежи“ многу повеќе од Хари, барем кога се годишните примања во прашање?
За старлетата и не е некое големо изненадување. Покрај заработката од семејното реално шоу, Кардашијан инкасира милионски суми и од козметичките линии со нејзин потпис, мобилните апликации, како и рекламирањето брендови.
Раперот, пак, покрај музичката, паралелно гради и дизајнерска кариера, но тоа не е доволно да го достигне успехот на неговата понежна половина.
Што е со свршеницата на британскиот престолонаследник? Навидум делува чудно, но кога наследството и имотот на кралското семејство би ги тргнале настрана, хонорарот на Меган од телевизиската серија „Suits“ е десетпати поголем од платата што Хари ја добиваше за службата во британската армија.
Притоа, иако идната сопруга на принцот се откажа од актерството, на американската глумица и понатаму ѝ следува дел од колачот, поради прикажувањата на споменатата серија во странство.
Кои се и останатите познати дами кои ги „шијат“ мажите по заработувачката на пари?
Ви откриваме неколку моќни парови каде жената има остварено повеќе приходи на годишно ниво:
Бијонсе и Џеј Зи
Ким Кардашијан и Канје Вест
Софија Вергара и Џо Манганиело
Кајли Џенер и Тревис Скот
Џенифер Лопез и Алекс Родригез
Кети Пери и Орландо Блум
Џесика Алба и Кеш Ворен
Меган Маркл и Принцот Хари
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





