Кејт Мидлтон земала часови за танц на шипка: Кои кралски правила ги прекршија Меган и Кејт?
Кејт Мидлтон земала часови за танц на шипка
По породувањето со принцот Џорџ, Кејт земала часови за танц на шипка за да ги симне килограмите од бременоста.
Сигурни сме дека и принцот Вилијам бил среќен поради нејзината одлука, а кралицата Елизабета не премногу.
Меган носи неуреден кок за јавни појавувања
Кога сте дел од кралското семејство носењето на косата во неформален стил е неприфатливо, но Меган сака лежерност и минимализам, па така си прави експерименти.
Ќе видиме дали ситуацијата ќе се промени по свадбата со принцот Хари.
Меган Маркл не носи хулахопки
Меган не носеше хулахопки на свршувачката со принцот Хари, иако тоа се наложува според кралските правила.
Кејт секогаш носи хулахопки во јавност.
Меган Маркл најверојатно ќе има нетипична венчаница
Сите очекуваат бајковита венчаница во стил на принцеза, но кружат гласини дека Меган има замисла за нешто нетипично, модерно и неочекувано.
Едвај чекаме да видиме што ќе облече на свадбата со принцот Хари во мај.
С. С. | Црнобело