Бијонсе снима видео на Јамајка со Џеј Зи, облечена како за маскенбал (фото)
- Детали
- среда, 21 март 2018
Бијонсе во последно време навистина знае да изненади со некои чудни аутфити, кои постојано ги објавува на социјалните мрежи.
Овојпат, таа е забележана во чудна комбинација која не е карактеристична за неа, но изгледа дека има причина за тоа.
Пејачката и нејзиниот сопруг, Џеј Зи, неодамна ја најавија нивната заедничка турнеја за ова лето, па очигледно се многу зафатени, со оглед на тоа што се „уловени“ како снимаат „тајно“ видео на Јамајка.
Бијонсе, облечена во бели мрежести хулахопки, со кратки тексас шорцеви, циклама чизми и шарен горен дел, се возеше на мотор со сопругот низ Јамајка.
https://twitter.com/Bey_Legion/status/976197530940829696/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.vulture.com%2F2018%2F03%2Fbeyonc-jay-z-have-gone-on-the-run-to-film-video-in-jamaica.html
Подоцна, таа е повторно забележана во берберница на Јамајка, облечена во портокалов фустан, високи портокалови чизми и... розови пуфкасти влечки.
https://twitter.com/Bey_Legion/status/976251272931233792/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.vulture.com%2F2018%2F03%2Fbeyonc-jay-z-have-gone-on-the-run-to-film-video-in-jamaica.html
Некои од фановите го исмејуваат нејзиниот изглед, а други пак, ја поддржуваат и веруваат дека ќе излезе нешто добро од тоа.
Eдинствено ни останува да го чекаме видеото и да ја разбереме причината за нејзините аутфити:
М. М. | Црнобело