Која е Сторми Даниелс - порно актерката со која Доналд Трамп ја изневерил Меланија?
- Детали
- вторник, 20 март 2018
38-годишната порно актерка е главна тема во американските медиуми, откако откри тајни од минатото на Трамп.
Периодов американските медиуми се преполни со информации околу веста дека адвокатот на Доналд Трамп ѝ платил 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс за да молчи за аферата со Доналд Трамп, која се случила пред повеќе од една декада.
Сега, таа го промени мислењето и проговори за тоа јавно.
Сторми Даниелс поднесе тужба против американскиот претседател со која бара да се поништи договорот кој го потпишала неколку дена пред претседателските избори во 2016 година и се обврзала дека ќе молчи за аферата од 2006 година.
Изневерената Меланија сè уште се нема огласено за ситуацијата.
Која е Сторми Даниелс?
- Нејзиното вистинско име е Стефани Клифорд. Родена е 1979 година во Луизијана. Сега живее во Далас со ќерката и партнерот.
- Таа обожава јавање коњи и има дури 7 свои коњи, меѓу кои и пони за нејзината ќерка.
- Минатата година имала 17 номинации за награди во порно индустријата од кои една ѝ е за режисер на филмови за возрасни.
- Сторми има два брака зад себе, од кои првиот ѝ бил со порно актер и траел само две години.
С. С. | Црнобело