Бил дел од реално шоу, му починал најдобриот пријател: 16 факти за принцот Хари
- Детали
- четврток, 15 март 2018
Веќе добро знаете дека е познат како огромен хуманитарец и вљубеник во спортот, но кои се другите страсти во животот на шармантниот принц?
Долго време беше во сенка на својот постар брат, принцот Вилијам, но деновиве принцот Хари, со претстојната свадба, е најжешката тема во сите светски медиуми.
Интересни факти за војникот, филантроп и „иден сопруг“ на Меган Маркл:
- Цел свет го знае како принцот Хари, но неговото целосно име е Henry Charles Albert David Mountbatten-Windsor of Wales. Крстен е на 21 декември 1984 година.
- Кога се родил бил трет во линија за британскиот трон, но по раѓањето на децата на неговиот брат Вилијам станал петти.
- На 7-годишна возраст Хари бил испратен во интернетот Ludgrove boarding school, каде што бил и Вилијам. Семејството на овој начин сакало да го тргне на страна од медиумите кога почнале гласините за неверството на неговата мајка, принцезата Дијана.
- Тој имал 12 години кога почина мајка му Дијана.
- Хари отсекогаш бил фасциниран од Африка. Го има запознаено и Нелсон Мандела.
- Бил во врска 6 години со Челзи Дејви. Двајцата обожавале спорт, авантури и забави.
- Лудите забави со многу алкохол го натерале принцот Чарлс да го однесе Хари на кратко во центар за рехабилитација за да ги слушне лошите страни на тој начин на живот.
- По дипломирањето на колеџ, Хари 3 месеци живеел во Австралија работејќи како „jackaroo“, нешто како австралиски каубој.