Работела 5 работи едновремено, модел е на 69 години: Факти за мајката на Илон Маск

Маје Маск изгледа прекрасно, чита постојано, горда е на својата сива коса и на своите 3 деца.

rabotela-5-raboti-model-e-na-69-godini-interesni-fakti-za-majkata-na-ilon-mask-01.jpg

Илон Маск е познат како еден од најголемите мислители и креатори на светот. Денес тој управува со некои од најуспешните компании на светот, но која е личноста што го одгледала овој брилијантен ум?

Мајката на Илон, Маје Маск, денес има 69 години и сè уште работи како модел.

Интересни факти за нејзиниот живот:

- Кариерата како модел Маје Маск ја започнала на 15 години и повеќе од 50 години го работи тоа. Таа вели дека морала да учи напорно за да им покаже на луѓето дека моделите не се глупави.

rabotela-5-raboti-model-e-na-69-godini-interesni-fakti-za-majkata-na-ilon-mask-02.jpg

- Носела книги насекаде, а и денес чита многу, дури и кога вежба на статичен велосипед.

- Во 1989 година заедно со децата се преселила од Јужна Африка во Канада и за да го обезбеди своето семејство работела дури и по 5 работи едновремено. Таа предавала на Универзитот во Торонто за нејзините деца да може да студираат бесплатно таму, плус држела часови за модели и давала нутриционистички совети.

- За својот брилијантен син Елон Маск вели: „На едно предавање кажав дека не постои човек што знае математика повеќе од мене и тој се насмевна, затоа што знаеше повеќе од мене.“

- Маје смета дека работата го прави човекот среќен и не му дозволува да остаре, затоа таа не се откажува.

- Кога наполнила 50 години нејзините деца сè уште не биле познати и богати и ѝ подариле играчка куќа и автомобил со ветување дека еден ден ќе ѝ купат вистински.

rabotela-5-raboti-model-e-na-69-godini-interesni-fakti-za-majkata-na-ilon-mask-03.jpg

- Маје има 118.000 следбеници на Инстаграм и вели дека кај постарите модели е помала конкуренцијата, па затоа добива доволно работни ангажмани.

- Најголема гордост ѝ е седата коса, која одамна престанала да ја бојадисува.

- Има 3 деца, 10 внуци и успешна кариера на модел на 69 години.

Најнови фотки од Маје:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg