Вилијам со бремената Кејт Мидлтон, Хари со идната сопруга Меган Маркл на настан во Лондон (фото)
- Детали
- среда, 28 февруари 2018
Принцот Хари се пошегува дека со неговата идна сопруга Меган, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се „заглавени заедно до крајот на животот“, на првото заедничко претставување на кралската четворка на настан во Лондон.
Принцовите Вилијам и Хари заедно со нивните понежни половини, Кејт и Меган, денес беа почести гости на форум во Лондон и зборуваа за актуелни теми и проблеми ширум светот.
Меган Маркл не ја пропушти шансата да го подигне гласот за #MeToo и #TimesUp кампањите кои имаат за цел да ги откријат сите злоставувања на жените во светот, а со тоа и да ја подигнат свеста на повисоко ниво.
Ако го исклучиме појавувањето на Божиќ, ова е прв настан од ваков тип на кој кралската четворка се појавува заедно.
По повод форумот во Лондон, бремената Кејт одбра виолетов фустан со должина до колената, додека Меган се одлучи за пософистицирана тегет креација, помеѓу фустан и наметка. Принцовите беа во бизнис-кежуал варијанта.
М. Д. | Црнобело