Лиам Пејн и Рита Ора го изведоа секси дуетот од „Fifty shades freed“ на BRIT Awards ‘18

Во екот на лудилото за Fifty shades freed“ изведбата на песната од филмот на BRIT Awards ’18 беше вистински погодок.

liam-pejn-i-rita-ora-go-izvedoa-seksi-duetot-od-fifty-shades-freed-na-brit-awards-18-01.jpg

Лиам Пејн (24), ѕвездата од One Direction, и пејачката Шерил Кол (34) ги негираа гласините за нивната разделба кога се појавија заедно на BRIT Awards. Двајцата блескаа на црвениот тепих, но Лиам ги освои срцата на понежниот пол со изведбата на секси дуетот „For you“ од филмот „Fifty shades freed“ со Рита Ора (27).

При настапот на Лиам и Рита, на сцената во лондонската O2 Арена не видовме некоја посебна сексуална тензија и жешки потези, туку пристојна дистанца помеѓу нив, иако домаќинот на настанот Џек Вајтхол се пошегува на нивна сметка.

Рита се појави во минималистички бел аутфит и ја покажа извајаната фигура. Лиам се одлучи за елегантен црн костим на кој имаше мала бела роза во знак на поддршка на движењето „Time’s Up“.

Рита, која ја доби наградата за најдобар женски соло артист, потоа на сцената ја видовме во бели тренерки.

Претходно Лиам со друго палто беше фотографиран на црвениот тепих со својата партнерка Шерил, со која го имаат 11-месечното синче Беар. Шерил се одлучи за црн кус фустан и во раката држеше бела роза во духот на „Time’s Up“.

Нивното појавување на BRIT Awards 2018:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Бела и Џиџи Хадид се гордеат со нивната кул мајка – на 61 година изгледа исто како во младоста Кул фотки од бременоста со едно од трите деца, додека малечката Бела е покрај не...
Рита Ора се расплака на сцена, Зејн Малик со емотивна објава – Ѕвездите се збогуваат од Лиам Пејн Рита Ора се расплака на сцена додека пееше песна што ја издадоа со Лиам Пејн, до...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Љубовни врски на познатите кои завршија со трагедија И 15 години по смртта на сопругата, Лиам Нисон одбива да има врска со друга жена...
Беше со џуџест раст, почина на 20 години: Краткиот, но исполнет живот на актерот од „How the Grinch ... Актерот кој ја глуми 8-годишната верзија на Гринч имал 17 години кога се снимал ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg