Еден потег на Кејт Мидлтон комплетно ги разочара фановите (фото)
- Детали
- понеделник, 19 февруари 2018
Со тоа што се изолираше од изразување поддршка на движењето „Time’s up“, фановите заклучија дека Кејт Мидлтон им го сврте грбот на жените.
Војвотката од Кембриџ предизвика разочараност кај фановите кога на доделувањето на BAFTA наградите 2018 не се појави облечена во црно, како поголемиот дел од ѕвездите на настанот, во знак на поддршка на движењето против сексуалната злоупотреба „Time’s up“.
Кејт Мидлтон на манифестацијата се појави во тоалета во боја на смарагд од британската дизајнерка Jenny Packham.
Кралската традиција диктира дека членовите на кралското семејство мора на кој било начин да избегнуваат однесувања, кои може да бидат протолкувани како политичка изјава, па токму тоа најверојатно е причината за ваквиот потег на Кејт.
Сепак, фановите беа разочарани од неа и коментираа на социјалните мрежи дека можела барем да стави црна наметка врз фустанот и симболично да покаже дека го поддржува движењето.
Некои велат дека со овој потег таа им го свртела грбот на жените и дека подобро би било да си остане дома отколку да седи во првиот ред во зелен фустан помеѓу сите тие жени облечени во црно.
Дел од фановите пак на Кејт велат дека нејзиниот избор на модни додатоци во црна боја симболично говори дека го поддржува движењето, кое се крена по секс скандалот со Харви Вајнштајн.
Што мислите вие за изборот на стајлинг на Кејт на BAFTA:
С. С. | Црнобело