Анџелина Џоли во веќе виден фустан: Протест во црно на BAFTA 2018 наградите (фото)

Протестот во црно кој го носи името Time's Up, официјално започна на Златните Глобуси 2018 и очигледно ќе трае на секоја следна поголема манифестација.

angelina-jolie-vo-vekje-viden-fustan-protest-vo-crno-na-bafta-2018-nagradite-001.jpg

Џенифер Лоренс, Салма Хајек, Анџелина Џоли и Марго Роби ги предводеа славните жени кои се борат против злоупотребата во шоу-бизнис светот, носејќи црни гламурозни фустани.

Анџелина Џоли на црната елеганција додаде обетки со 33-каратни дијаманти, иако мора да признаеме дека фустанот ни делува познато и веќе видено.

angelina-jolie-vo-vekje-viden-fustan-protest-vo-crno-na-bafta-2018-nagradite-3.jpg

angelina-jolie-vo-vekje-viden-fustan-protest-vo-crno-na-bafta-2018-nagradite-2.jpg

Џенифер Лоренс беше сериозна и елегантна во фустан со спуштени раменици, додека Салма Хајек успеа да привлече големо внимание со ситни детали и монисти по црната креација.

Присутните единствено беа разочарани од една жена која не го поддржа протестот во црно.

Кои жени облекоа црно на BAFTA?

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Мартија Станојковиќ најсмело, Барбара Поповиќ - тантела: Како познатите Македонки ја носат црната бо... Од елегантните изданија на Тамара Тодевска со длабоко деколте до мини фустанчиња...
Славни жени кои се облекуваат младешки (и се доказ дека годините не треба да го дефинираат стилот) Можете ли да ја замислите Шер во класични костимчиња, или Салма Хајек закопчана ...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...
Која е младата грофица што ги засени и најубавите жени на Модната недела во Милано? Изгледа како бунтовна и модерна Грејс Кели, а никој не останал рамнодушен на неј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg