Далеку од очите на јавноста: Што прави „сестрата“ на принцовите Вилијам и Хари? (фото)

Таа живее повлечено, но веројатно ќе присуствува на големата кралска свадба. Нејзината ќеркичка ѝ беше мала деверица на војвотката Кејт Мидлтон. Британката е во брак со поранешен модел за долна облека, кој денес работи како сметководител.

daleku-od-ochite-na-javnosta-shto-pravi-sestrata-na-princovite-vilijam-i-hari-foto-1.png

Директорката на лондонска уметничка галерија, Лора Лопес (40) не сака да го поминува животот под будното око на јавноста, како што тоа секојдневно го прават нејзините „браќа“, принцовите Вилијам (35) и Хари (33).

Меѓутоа, таа сепак доаѓа на најважните фамилијарни собири на кралското семејство.

daleku-od-ochite-na-javnosta-shto-pravi-sestrata-na-princovite-vilijam-i-hari-foto-2.jpg

Лора е ќерка на Камила (70), војвотката од Корнвол, која долго време беше во некрунисана љубов со принцот Чарлс (69), пред и официјално да станат маж и жена во 2005 година.  

Иако не се во крвно сродство, Лопес има мошне топол сестрински однос кон Вилијам и Хари, а негува и пријателска врска со Кејт Мидлтон (36) и сестра ѝ Пипа Мидлтон (34).

daleku-od-ochite-na-javnosta-shto-pravi-sestrata-na-princovite-vilijam-i-hari-foto-3.jpg

Наспроти британските престолонаследници, нејзиниот роден брат е Том, 43-годишниот син на Камила и Ендрју Паркер Боулс, кој е автор на книги за храна.

daleku-od-ochite-na-javnosta-shto-pravi-sestrata-na-princovite-vilijam-i-hari-foto-4.jpg

Според пишувањата на странските медиуми, ќерката на маќеата на Вилијам и Хари е веќе 12 години во брак со сметководителот Хари Лопес (40) од Вилтшир.

daleku-od-ochite-na-javnosta-shto-pravi-sestrata-na-princovite-vilijam-i-hari-foto-5.jpg

Меѓу петстотината гости, на венчавката на Лора во 2006 година беа присутни и принцовите Вилијам и Хари, сегашната војвотка од Кембриџ – Кејт Мидлтон, како и Чарлс со Камила.

daleku-od-ochite-na-javnosta-shto-pravi-sestrata-na-princovite-vilijam-i-hari-foto-6.jpg

Заедно со сопругот Хари имаат три деца. Родители се на ќерката Елиза (10), како и близнаците Луис и Гас (8).

На свадбата на Кејт и Вилијам, пак, токму малечката Елиза беше една од главните ѕвезди.

daleku-od-ochite-na-javnosta-shto-pravi-sestrata-na-princovite-vilijam-i-hari-foto-7.jpg

Таа беше деверица задолжена за фрлање на цвеќе, бидејќи според верувањата, тоа симболизира среќа во бракот.

daleku-od-ochite-na-javnosta-shto-pravi-sestrata-na-princovite-vilijam-i-hari-foto-8.jpg

Лора има завршено студии по историја на уметност и маркетинг на Универзитетот Оксфорд Брукс.

Порано работела за британскиот магазин Tatler, а потоа со пријателска поддршка ја коосновала галеријата „Eleven“ во Лондон, чијашто директорка е денес.

daleku-od-ochite-na-javnosta-shto-pravi-sestrata-na-princovite-vilijam-i-hari-foto-9.jpg

Поучена од лошите искуства во минатото, таа се држи понастрана од кралските кругови и папараците.

Води сосема нормален живот, а главна цел ѝ е да се посвети на кариерата и мајчинството.

daleku-od-ochite-na-javnosta-shto-pravi-sestrata-na-princovite-vilijam-i-hari-foto-10.jpg

Сепак, речиси извесно е дека со сопругот ќе се појават на големата свадба на принцот Хари и Меган Маркл.

Се сеќавате ли на оваа дама?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg