8 животни лекции од инспиративната Опра Винфри

Таа вели дека мора да ја работите работата што ја сакате за да го осветлите светот со својата светлина.

8-zivotni-lekcii-od-inspirativnata-opra-vinfri-01.jpg

Опра Винфри со своето шоу полно емоции го менува светот.

Таа ја исполни својата мисија да допре до срцата на многумина и да направи позитивни промени во нивните животи. Токму затоа е инспиративна и неповторлива.

Дел од нејзините животни мудрости:

Секој од нас треба да ја пронајде својата животна цел

Секој од нас има нешто за кое е создаден, а вистинската работа во животот е да откриете што е тоа.

Секој пат кога на сцената во моето шоу имаше личност која успеала, таа говореше за работата и задоволството од работењето на тоа што знаела дека ѝ е судено да го работи.

Твојата цел ќе ти овозможи да живееш со полни гради

Работењето на тоа што го сакате ќе ви даде чувство дека сте токму на местото на кое треба да бидете. Тоа му го посакувам на секој од вас – во животот да ве води срцето.

Мора да заработувате за живот, го разбирам тоа. Но, исто така треба да знаете дека со својата животна светлост можете да го осветлите светот.

8-zivotni-lekcii-od-inspirativnata-opra-vinfri-02.jpg

Сите имаме начин на кој можеме да влијаеме на светот

Можеби можете да влијаете на 20, 30, 50 луѓе, на вашите пријатели, роднини, колеги, но каде и да сте, токму тоа е вашата сцена, кругот врз кој имате влијание.

Секој ден покажувајте им на луѓето кои сте, говорете за себе и со тоа правопропорционално ќе го добиете истото и од другата страна.

Секој од нас е одговорен за својот живот

Вие сте одговорни за вашиот живот... Не е важно што работела мајка ви или колку наследство ви оставил татко ви.

Вие сте одговорни за енергијата што ја ширите.

8-zivotni-lekcii-od-inspirativnata-opra-vinfri-03.jpg

Сите ние делиме исти порази, иста болка

Моето шоу ме научи дека сите ние имаме една заедничка карактеристика – имаме периоди кога минуваме низ животни порази и болка.

Нè мачи чувството дека не сме доволно вредни за да живееме, нè мачи мислата дека сите трагедии се на нашиот грб.

Ти си доволен

Постојано се блокираме самите себеси мислејќи дека не сме доволно добри, не сме доволно паметни, убави или богати.

Но, мора да запомните дека вредите со самото тоа што сте се родиле и сте овде. Да, ти си доволен!

8-zivotni-lekcii-od-inspirativnata-opra-vinfri-04.jpg

Сите ние можеме да бидеме нечие засолниште

Се надевам дека секој од вас ќе биде нечие засолниште некогаш, безбедно место на кое некој ќе може да се сокрие од бурите.

Правете им добро на другите луѓе, поврзете се со нив, сакајте ги... Прво еден човек, па двајца и така ширете го вашиот круг.

Запомнете дека краевите носат нови почетоци

Секое поглавје од животот е неверојатно и колку и да ви изгледа тажно неговиот крај, насмевнете се затоа што нешто ново и поубаво доаѓа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg