Запознајте ја Марика Пелегринели, прекрасната сопруга на Ерос Рамацоти (фото)
- Детали
- среда, 03 јануари 2018
Моделот и актерка со својата убавина го освои срцето на италијанскиот шармер.
Легендарниот италијански музичар Ерос Рамацоти (54) има неверојатни песни, но и подеднакво неверојатна сопруга. Ова е втор брак за пејачот.
Црнокосата убавица Марика Пелегринели (29) го освои срцето на Рамацоти и парот се венча во јуни 2014 година, а на церемонијата моделот и актерка носеше Валентино фустан на кој беше испишана омилената песна на парот со ноти и виолински клучеви.
Инаку првиот брак на Рамацоти беше со швајцарскиот модел Мишел Хунзикер од 1998 до 2002 година и од него ја има 21-годишната ќерка Аурора. Неговиот хит „Più bella cosa“ бил посветен токму на Мишел, кога сè уште биле во врска.
Од бракот со Марика Ерос ја има 6-годишната ќерка Рафаела Мариа. Марика ја роди Рафаела на само 23 години, кога сè уште беа во врска. Синот Гаврио го доби во бракот на 26-годишна возраст.
Марика досега се има појавено во филмовите: Somewhere, Barney's Version и Don Matteo.
Погледнете како изгледа убавицата што му го освои срцето на италијанскиот шармер:
С. С. | Црнобело