Свршеницата на Хари сака да биде дама: Новогодишните одлуки на Меган Маркл

На нејзиниот блог, кој во меѓувреме го деактивираше, американската актерка има напишано дека сака да престане да пцуе и да не ги грицка веќе ноктите, а желба ѝ е да истрча маратон и повторно да започне со изучување на францускиот јазик. Притоа, нагласи дека секоја година, плановите ѝ се исти – да се откаже од лошите навики и да се однесува подамски.

svrshenicata-na-hari-saka-da-bide-dama-novogodishnite-odluki-na-megan-markl-1.png

И не е единствената. При крајот на старата и почетокот на новата година, повеќето луѓе кројат многубројни стратегии, ветувајќи си дека ќе станат подобри личности одошто биле во минатото.

Меѓутоа, малкумина вистински го реализираат зацртаното во иднината.

svrshenicata-na-hari-saka-da-bide-dama-novogodishnite-odluki-na-megan-markl-2.jpg

А, колку од новогодишните одлуки ги има остварено Меган Маркл? Ниту една од нив.

„Маратонот не се случи. Пцујам понекогаш, најчесто кога имам премногу обврски или кога ќе испијам некоја чашка повеќе. Францускиот е јазик кој го учев во средно училиште, а колку и да се обидував одново да го изучувам, никако не ми оди. Ноктите ги грицкам кога сум под стрес, или, пак, кога сум на лет полн со турбуленции. Не е ни малку дамски. И пцуењето исто така. По ѓаволите.“

svrshenicata-na-hari-saka-da-bide-dama-novogodishnite-odluki-na-megan-markl-3.jpg

Иако баш и не ѝ поаѓа од рака да ги реализира личните ветувања, бившата глумица додава дека тоа не е голема трагедија.

„Единствената работа што ја посакувам е игриво да му приоѓам на животот. Да се смеам и да уживам, високо да ги држам своите стандарди и да се прифатам себеси. Во одлуките за новата година, секогаш оставам простор и за магија. Правам планови, ама сосема во ред ми е доколку ги прекршам. Си поставувам и цели, но отворена сум за промени.“

svrshenicata-na-hari-saka-da-bide-dama-novogodishnite-odluki-na-megan-markl-4.jpg

Годинава, пак, Меган е исправена пред нови предизвици кои комплетно ќе ѝ го променат животот.

Таа ќе се венча во месец мај со британскиот принц Хари, по што и официјално ќе стане војвотка. 

svrshenicata-na-hari-saka-da-bide-dama-novogodishnite-odluki-na-megan-markl-5.jpg

Какви се вашите новогодишни одлуки за 2018-та?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Како Сури Круз ја возвиши мајка ѝ и му зададе удар на славниот татко? Сури го избриша презимето на татко ѝ и зеде презиме со кое ја возвишува својата ...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg