Љубовта им дава сила: Најромантичните фотографии од Новак и Јелена Ѓоковиќ
- Детали
- петок, 29 декември 2017
Новак Ѓоковиќ не може да го замисли животот без луѓето што ги сака и вели дека токму тие се неговата инспирација и двигател.
Новак Ѓоковиќ (30) знае да каже јас сум среќен човек затоа што сум успешен во тоа што го правам, но тоа што ме прави најсреќен е што околу мене ги имам луѓето што ги сакам и ме сакаат мене. Ова, за мене, е најважната работа. Никој не сака да биде сам.
Српскиот тенисер, што постигна светска слава и неверојатни успеси, се состанувал со својата сегашна сопруга од 2005 година, кога биле во средно училиште. Тие се свршија во 2013, а нивната свадба се случи во јули 2014. Нивниот син Стефан има 3 години, а нивната ќерка Тара само неколку месеци.
„За мене, љубовта е најголемиот извор на мотивација, инспирација и енергија. Прави да се движам напред, прави да давам повеќе, ме прави гладен за уште. Затоа мора секој ден да го направиме ден за љубов“, порача неодамна романтичниот Новак на социјалните мрежи.
Потсетете се на најубавите љубовни фотографии на Новак и Јелена Ѓоковиќ:
С. С. | Црнобело