Откриен е датумот на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл и сите детали за неа
- Детали
- петок, 01 декември 2017
Меган Маркл обожава суптилно романтични венчаници од дизајнерот Ели Сааб, па дали ќе ја видиме токму во таква?
Датумот на кралската свадба на принцот Хари и Меган Маркл ќе биде 26 мај 2018 година во замокот Виндзор, тврдат американските медиуми.
Спротивно на кралските правила прославата ќе се случува за време на викенд. Исто така, низа други правила нема да бидат строго испочитувани поради фактот што Хари е петти на линијата за тронот, додека кај принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ситуацијата беше сосема поинаква, бидејќи Вилијам на листата за крал е веднаш по синот на кралицата Елизабета, односно неговиот татко принцот Чарлс.
Црква
Иако Меган е разведена, парот одлучи да се венча и во црква. Тие ја избраа капелата St. George во Виндзор замокот затоа што таа била значајно место во нивната 16-месечна романса.
Таму Хари е крстен, а во 2005 на ова место се венчаа и принцот Чарлс и Камила.
За разлика од свадбата на Вилијам и Кејт, за свадбата на Хари и Меган, Британците нема да добијат слободен ден.
Гости
Покрај низата познати гости од страна на кралското семејство, на свадбата ќе присуствуваат многу блиски пријателки на Меган од Торонто, но најверојатно нема да присуствува нејзината полу сестра Саманта Грант, со која имаат ист татко.
Саманта јавно ја обвини Меган дека сака по секоја цена да се искачи на социјалната скала, но подоцна се извини за изјавата.
Стајлинг
Најдобрата другарка на Меган, стилистката Џесика Мулрони, најверојатно ќе учествува во потрагата по вистинскиот фустан. Во една пригода Меган изјави дека сака фустани кои се уникатни и суптилно романтични. Таа е фан на либанскиот дизајнер Ели Сааб.
На првата свадба со Тревор Енгелсон Меган носела едноставна бела венчаница без прерамки со сребрен ремен.
Актерката секогаш ја носи шармантната алка од нејзината баба на левата рака, па не е ни чудно ако на свадбениот ден носи накит што е семејно наследство од нејзиното или од кралското семејство.
Мени
Меган вели дека сака свежа морска храна и прекрасни вина, но и пилешко, кое Хари и го приготвувал токму вечерта кога ја запросил, па не е чудно ако нешто од ова се најде на свадбеното мени.
Меден месец
Боцвана е специјална земја за парот, па не е воопшто чудно ако токму таму им биде медениот месец. Само три седмици по запознавањето Хари ја поканил Меган таму на состанок.
Дом
Парот по свадбата ќе живее во Nottingham Cottage, имот од 17-тиот век до две спални, во склоп на Кенсингтонската палата, каде што Хари живее сега.
С. С. | Црнобело