Внуката на принцезата Дијана порасна и изгледа како нејзина копија
- Детали
- среда, 01 ноември 2017
Нејзината руса коса и неодоливата насмевка неверојатно потсетуваат на принцезата Дијана, зарем не?
Во последно време нема многу информации за Лејди Кити Спенсер, најстарата ќерка на Чарлс Спенсер и преслатката мала внука на принцезата Дијана.
Но, се потсетуваме како изгледаше на 10-годишна возраст во 2000-та година, само три години по смртта на принцезата Дијана.
Годините пролетаа, а Кити порасна на страна од фокусот на медиумите со нејзината мајка Викторија Локвуд. Неодамна таа беше забележана на Модната недела во Милано.
Кити има прекрасна руса коса и мора да признаеме дека нејзиниот изглед неверојатно нè потсетува на принцезата Дијана на нејзини години. Само погледнете ги двете на 24-годишна возраст:
Јаболкниците, насмевката, па дури и носот.
Кити постојано прикачува фотографии на Инстаграм, меѓу кои со Ники Минаж и со тимот на серијата „Downton Abbey“ (серија која ѝ е омилена и на кралицата), а неодамна беше прогласена и за најпосакувана девојка во Британија според Tatler магазинот.
Ако ништо друго, овие фотографии докажуваат една работа: Во кралското семејство дефинитивно има добри гени.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





