IT бизнисмени кои не им дозволуваат на децата да бидат зависни од модерната технологија
- Детали
- среда, 18 октомври 2017
Овие луѓе знааат сѐ за IT индустријата и се делумно виновници за популарноста на технологијата во денешно време.
Сепак, тие на нивните деца не им дозволуваат да бидат зависни од модерни уреди и да ги користат постојано, во секое време и на секое место.
Дознајте кои се тие бизнисмени и која е причината за ова:
Бил Гејтс – еден од основачите на Microsoft
Бил има 3 деца и на сите им било забрането да користат смарфони и таблети додека не наполнат 14 години. Наводно, неговите деца се жалеле што не можат да го имаат она што и нивните врсници, но родителите биле непопустливи на оваа тема.
Откако неговите деца добиле дозвола за уредите, имало посебни правила:
- Може да се користат само за учење и комуникација
- Забранети се за време на оброци
- Родителите имаат право да го лимитираат времето на користење
Крис Андерсон – креатор на дронови и коосновач на 3D Robotics
Децата на Крис ги почитуваат строгите правилата за минимално користење на смартфони и таблети. Според него, децата се жалеле на строгите рестрикции, но тој само се обидува да спречи зависност од модерна технологија која може да направи промени во нивниот живот.
Дик Костоло – поранешен генерален директор на Twitter
Тој не им го лимитирал времето кое децата ќе го поминуваат на модерните уреди, но направил правила за места каде може да се користат.
На пример, тие можат да ги користат уредите само во дневната соба, а тоа значи дека не смеат да го носат во соба и да „висат“ на нив пред спиење или пак за време на ручек.
Иван Вилијамс – CEO на Twitter
Тој и неговата сопруга имаат 2 сина, а ниту еден од нив нема iPad. Наместо тоа, тие дома имаат стотици книги, за кој девелоперот смета дека е доволно литература за секаква информација која може да им затреба и за поминување квалитетно време.
Стив Џобс – коосновач на Apple
Можеби замислувате дека целото семејство на Џобс е опремено со сите уреди кои ги нуди Apple, но тоа не е вистина.
Додека бил жив, Стив признал дека не им дозволува на неговите деца да користат iPad - тој се обидел да ги научи на комуникација во живо, за семејството заедно да ги поминува деновите и оброците исполнети со долги разговори.
Кој е заклучокот?
Секој одлучува за себе дали ќе го следи примерот на овие бизнисмени. Резултатот од одлуката може да се покаже само кога децата ќе пораснат и ќе покажат како гледаат на светот и на работите.
Сепак, не можеме да се противиме на фактот дека овие претприемачи се запознаени со дигиталниот свет многу повеќе од нас, па нивната постапка не е без причина.
Размислете добро пред да донесете одлука за вашите деца и користењето на модерна технологија.
М. М. | Црнобело