Како славните ги покрија тетоважите посветени на бившите?
- Детали
- вторник, 03 октомври 2017
Познатите личности, исто како и сите останати, многу често се одлучуваат да направат тетоважа посветена на нивните партнери.
И сѐ би поминало без никакви проблеми доколку тие би останале заедно за цел живот.
Но, што после раскинувањето или разводот? Дали треба сѐ уште да стои истата тетоважа посветена на бившиот/а? Секако дека не.
Погледнете како славните го решија тој проблем, па ако и вие сте направиле некоја таква грешка, инспирирајте се:
Амбер Роуз
Таа на левата рака имаше тетоважа од ликот на Виз Калифа, а по разделувањето со поранешниот сопруг, ја преправи и тетоважата. Сѐ уште има лик на маж, но со различни црти и ненасмеано мистериозно лице.
Џони Деп
Откако се раздели со сопругата Амбер Херд, тетоважата на која пишуваше „slim“ (негов прекар за Херд), ја преправил, па сега пишува „scum“ што во превод би значело „ѓубре“.
Кајли Куоко
Ѕвездата на ТВ серијата „The Big Bang Theory“ го имаше истетовирано датумот на свадбата со нејзиниот поранешен сопруг, но подоцна го покри со тетоважа од молец.
Дениз Ричардс
Откако се раздели со поранешниот сопруг Чарли Шин, тетоважата на која беше испишано неговото име, ја замени со прекрасна самовила.
Чарли Шин
Чарли исто така имаше тетоважа со името на Дениз, а по разводот ја покри тетоважата со неговата позната фраза „Winning“ (победа во наводници).
Анџелина Џоли
Актерката го имаше тетовирано името на нејзиниот поранешен сопруг Били Боб на левото рамо, а после разделбата, таа ја покри истата со координатите на местата каде што се родени нејзините деца.
Марк Ентони
Марк го имаше тетовирано името на Џенифер Лопез на неговиот зглоб на раката, а по разделбата, оваа тетоважа ја замени со друга која нема јасно значење, но со сигурност го покрива нејзиното име.
М. М. | Црнобело