Што прави Шакира за да изгледа толку добро на 40 години?

Се чини дека славната пејачка од Колумбија, Шакира, го пронашла еликсирот на младоста. Како старее, станува сè поубава и позгодна.

shto-pravi-shakira-za-da-izgleda-tolku-dobro-na-40-godini-01.jpg

Се разбира дека тука и гените играат голема улога, но кога и да ја видиме, сите се прашуваме која е тајната на нејзиниот изглед?

Како успева да изгледа така на 40 години?

Фитнес тренерот на Шакира, Ана Кајзер, откри дека примарната цел на Шакира е да се чувствува убаво, а внатрешната среќа се познава и од надвор.

Сепак, за да остане во топ форма, Шакира вежба 5 пати неделно.

Кајзер има направено посебни вежби за својата клиентка:

Вежбите се комбинации од кардио вежби и вежби за зацврстување во кои е активно целото тело. Важно е Шакира да има доволно физичка сила за да ги издржи сите настапи и концерти. Здравјето е секогаш на прво место.

За време на вежбањето, Кајзер обрнува посебно внимание на правилното отчукување на срцето:

Понекогаш може да кревате тегови и да мислите дека вежбате најсилно што можете, но морате да апликацијата за отчукувања на срцето покажува дека мускулите не работат онака како што мислите.

shto-pravi-shakira-za-da-izgleda-tolku-dobro-na-40-godini-02.jpg

Освен редовната исхрана, Кајзер за славната мајка на две деца има направено и посебен режим на исхрана.

Шакира јаде на секои два до три часа по помали оброци, а на менито главно има риба, пилешко, зеленчук и супи:

Појадокот, ручекот и вечерата се базираат главно на протеини, свеж зеленчук и мала количина на овошје.  

Меѓу оброците, Шакира јаде топли супи кои заситуваат, а не содржат многу калории, а омилена ужинка ѝ се портокали и бадеми.

Сепак, славната пејачка во неколку пригоди има изјавено дека не е опседната со тоа секогаш да биде во топ форма и дека понекогаш си дозволува отстапки од строгиот режим на вежбање и исхрана.

shto-pravi-shakira-za-da-izgleda-tolku-dobro-na-40-godini-03.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg