Актерки кои дизајнерите одбиле да ги облечат за црвениот тепих

При доделувањето награди, или, пак, на гламурозните филмски фестивали, секогаш во фокусот се холивудските модни миленички, како и дизајнерските имиња чии креации тие ги носат на црвените теписи. Меѓутоа, не на секоја глумица изборот на облека ѝ е подеднакво лесен, независно од талентот и популарноста.

glumici-koi-dizajnerite-odbile-da-gi-oblechat-za-crveniot-tepih-1.jpg

Кога е во прашање тоалетата што актерките ја носат на планетарно популарните филмски пригоди, веќе е познато дека раскошните фустани не им остануваат во трајна сопственост на повеќето од нив.

Нивните стилисти вообичаено позајмуваат примероци после модните ревии, а целата успешност на изгледот зависи од тоа дали глумицата е доволно слаба за одбраната креација. Поради тоа, на славните дами со пополни фигури баш и не им е лесен изборот. Со чест на исклучоци, како што се дизајнерите Christiano Siriano или Prabal Gurung, повеќето модни куќи за висока вода, сепак се помалку прилагодливи во однос на величините.

Последна „жртва“ во низата беше актерката Рејчел Блум. Кога на скорешното доделување на наградите „Еми“ се појави во романтична црна креација со потпис на Gucci, сите претпоставија дека таа е новата холивудска миленичка на креативниот директор на легендарната модна куќа. Но, не е ни приближно така.

glumici-koi-dizajnerite-odbile-da-gi-oblechat-za-crveniot-tepih-2.jpg

Во интервјуто за E!News, глумицата откри дека фустанот си го купила самата за 3.500 американски долари, откако неколку дизајнери одбиле да ја облечат за доделувањето на престижните телевизиски награди.

„Тешко ми е да пронајдам дизајнер чиј фустан ќе го изнајмам, бидејќи не носам величина 0. Но, можам да си дозволам да купам дизајнерска облека, па во ред е.“, изјави талентираната глумица која веќе трипати е номинирана за „Еми“.

Со истата судбина се соочи и комичарката Лесли Џоунс, која се послужи со социјалните мрежи, за да ги наведе сите дизајнерски куќи што ја одбиле за премиерата на филмот „Ghostbusters“. А, сето ова ѝ е мошне познато и на Мелиса МекКарти. Не можејќи никако да пронајде дизајнер кој ќе ѝ ги осмисли оскаровските изданија, една од најдуховитите жени во Холивуд, си основаше сопствена модна линија.

А, кои се и останатите глумици што дизајнерите одбиле да ги облечат за црвениот тепих, па морале да се снаоѓаат сами, ви откриваме во продолжение:

Брајс Далас Хауард

glumici-koi-dizajnerite-odbile-da-gi-oblechat-za-crveniot-tepih-3.jpg

Даша Поланко

glumici-koi-dizajnerite-odbile-da-gi-oblechat-za-crveniot-tepih-4.jpg

Ејди Брајант

glumici-koi-dizajnerite-odbile-da-gi-oblechat-za-crveniot-tepih-5.jpg

Кристина Хендрикс

glumici-koi-dizajnerite-odbile-da-gi-oblechat-za-crveniot-tepih-6.jpg

Лесли Џоунс

glumici-koi-dizajnerite-odbile-da-gi-oblechat-za-crveniot-tepih-7.jpg

Мелиса МекКарти

glumici-koi-dizajnerite-odbile-da-gi-oblechat-za-crveniot-tepih-8.jpg

Рејчел Блум

glumici-koi-dizajnerite-odbile-da-gi-oblechat-za-crveniot-tepih-9.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите парови на доделувањето на Еми награди 2024 (фото) Кортни Кардашијан и Тревис Баркер споделија страстен бакнеж пред камерите, а Сел...
Танцува и кришум го снима татко му - Како изгледа 15-годишниот син на Рики Мартин? Се шират гласини дека мајката на близнаците на Рики Мартин е венецуелска актерка...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg