Славни личности на кои им се посреќило во вториот брак
- Детали
- понеделник, 18 септември 2017
Разводите кај славните парови не се никаква новост, но тоа не значи дека не се исто толку болни како кај „обичните“ луѓе.
По разделбата, се чини дека е невозможно да се најде друга љубов. Сепак, со тек на време болката поминува и партнерите стекнуваат храброст да ја побараат среќата на друго место.
Следниве славни личности се доказ дека вториот брак може да биде уште поубав и посреќен од првиот:
Џесика Симпсон
По бракот со Ник Лaшe, со кој славната пејачка сними и реално шоу, сите мислевме дека убавата русокоса ќе остане долго со скршено срце. Но, во 2014-тата, таа го запозна Ерик Џонсон со кој стапи во брак и роди две дечиња.
Софија Вергара
Првиот брак на убавата Колумбијка со љубовта од младоста Џо Гонзалез траеше само 2 години и заврши неславно. На ѕвездата од „Modern Family“ ѝ требаше долго време да најде нова вистинска љубов, но потрагата конечно заврши во 2015-тата, кога се омажи за актерот Џо Манганиело.
Рајан Рејнолдс
Разводот на Рајан Рејнолдс и Скарлет Јохансон во 2011-та ги изненади сите. Но, за среќа, кратко време по разводот, згодниот актер ја запозна колешката Блејк Лајвли на снимањето на филмот „The Green Lantern“. Тие се во брак 5 години и имаат две ќеркички.
Никол Кидман
Популарната актерка го запозна Кит Урбан уште додека беше во брак со Том Круз, од кого се разведе во 2001-та. После 5 години, Никол повторно ја пронајде среќата и тоа со стариот познаник, музичарот Кит Урбан, со кој се сè уште заедно.
Рис Витерспун
Бракот на младите актери Рис Витерспун и Рајан Филипе. За жал, нивниот брак заврши, а 4 години подоцна, Рис го запозна нејзиниот втор сопруг, Џим Тот, со кој е сè уште во брак и вели дека тој е нејзината сродна душа.
Ештон Кучер
Сите беа изненадени кога Ештон Кучер стапи во брак со 16 години постарата Деми Мур. Но, нивниот брак беше многу стабилен и ги помина сите препреки. Сепак, тие се разведоа во 2013-тата, а по две години, Ештон се ожени со неговата колешка од „That 70's Show“, Мила Кунис со која има 2 деца.
М. В. | Црнобело