Ферги се разведува од сопругот Џош Духамел по 8 години брак
- Детали
- петок, 15 септември 2017
Ферги и Џош Духамел беа заедно 13 години, а по 8 години брак, тие ја изненадија јавноста со изјавата дека се разделиле.
Парот кој има 4-годишен син, во нивната изјава во четвртокот, откри дека се разделени веќе неколку месеци:
„Со голема љубов и почит одлучивме да се разделиме како пар. За да му овозможиме на семејството полесно приспособување на промените, сакавме да го држиме ова во приватност некој период, пред да споделиме јавно. Ние сме и секогаш ќе бидеме поврзани и ќе се поддржуваме меѓусебно, исто како што ќе му пружаме поддршка на нашето семејство.“
Ферги во средата била забележана во Рио де Жанеиро на промоцијата на нејзиниот нов албум, а Џош е фотографиран низ Лос Анџелес со нивниот син. Секако, двајцата биле без бурмите.
Последен пат заедно се фотографирани во јануари, кога ја прославиле 8-годишнината од бракот и двајцата објавиле фотки на Инстаграм за да си честитаат пред јавноста.
Тие се запознаа во 2004-та, се верија во 2007-ма, а се венчаа во Малибу во 2009-та. 8 години подоцна, нивната љубовна приказна, очигледно завршува.
М. М. | Црнобело