Сите лаги на славните во кои мислеа дека ќе поверуваме
- Детали
- четврток, 14 септември 2017
Се разбира дека и познатите личности понекогаш знаат да ја „дотераат“ вистината или да излажат за нешто. Само што во нивниот случај, секогаш се дознава што било лага, а што вистина.
Некои лаги можеме да сфатиме зошто ги кажале, а за некои не сме сигурни што сакале да постигнат.
Следуваат дел од моментите кога славните излажаа за нешто и мислеа дека им поверувавме:
Бијонсе
Во 2006-тата, излезе големиот хит на Бијонсе, „Irreplaceable“ за кој таа тврдеше е композиторот. Неколку години подоцна, пејачот Ne-Yo откри дека тој ја напишал оваа песна и ѝ ја дал на Бијонсе.
Ленс Армстронг
Велосипедистот со години лажеше дека никогаш не земал недозволени средства во кариерата, а во 2013-тата во интервју со Опра Винфри конечно призна дека земал допинг.
Мила Кунис
Кога била на аудиција за „That ‘70s Show“, Мила ги излажала продуцентите дека има 18 години, а всушност имала 14. Но, и откако се дознала вистината, тие сепак одлучиле да продолжи да биде дел од серијата.
Бритни Спирс
Бритни има направено повеќе нелогични работи, како на пример кога сподели фотка со печена пченка, а веројатно целта ѝ беше да се пофали дека ја подготвила сама, но фановите за кратко време открија дека фотката излегува во прв ред кога на Google ќе напишеш „Mexican grilled corn“.
Клое Кардашијан
Клое се пофали со фотка од пити кои тврдеше дека ги направила сама за Денот на благодарноста. Но, истите пити се продаваат во пекарата Sweet Lady Jane во Лос Анџелес.
Ники Минаж
Ники Минаж е една од славните кои излажале колку години имаат всушност. Но, нејзиниот полициски извештај кој излезе во 2011-тата покажа дека таа е родена во 1982, а не во 1984 како што тврдеше долго време.
Кајли Џенер
Пред официјално да потврди дека правела операции за зголемување на усните, Кајли лажеше дека усните ги прави да ѝ изгледаат поголеми со помош на шминка. Но, и без да ја кажеше вистината, и онака никој не ѝ поверува.
Пи Диди
Пи Диди еднаш изјави дека е сопственик на приватен авион за кој троши 200.000 долари само за гориво. Но, ниту еден авион не бил регистриран на негово име, па раперот излезе смешен во свој обид да се претстави како моќен богаташ.
М. В. | Црнобело