Кои се најскапо платени актери за 2017 според Forbes?
- Детали
- среда, 23 август 2017
Марк Волберг е најскапо платениот холивудски актер, со оглед на тоа што земал 68 милиони долари, што е дупло повеќе од најскапо платената актерка Ема Стоун.
Волберг го симна од врвот Двејн Џонсон – „The Rock“ со неговата огромна заработка, според листата на Forbes.
Џонсон паѓа на второто место со заработка од 65 милиони долари, а Вин Дизел е на третото место со 54.5 милиони долари.
Неодамна беше објавена листата на најскапо платени актерки, а мажите заедно заработуваат речиси трипати повеќе од вкупната заработка на актерките.
Погледнете ја целата листа:
1. Марк Волберг – 68 милиони долари (околу 57 милиони евра)
2. Двејн Џонсон – 65 милиони долари (околу 55 милиони евра)
3. Вин Дизел – 54.5 милиони долари (околу 46 милиони евра)
4. Адам Сендлер – 50.5 милиони долари (околу 42 милиони евра)
5. Џеки Чен – 49 милиони долари (околу 41 милиони евра)
6. Роберт Дауни Џуниор – 48 милиони долари (околу 40 милиони евра)
7. Том Круз – 43 милиони долари (околу 26 милиони евра)
8. Шах Рук Кан – 38 милиони долари (околу 32 милиони евра)
9. Салман Кан – 37 милиони долари (околу 51 милион евра)
10. Акшеј Кумар – 35.5 милиони долари (околу 30 милиони евра)
11. Крис Хемсворт – 31.5 милиони долари (околу 27 милиони евра)
12. Том Хенкс – 31 милион долари (околу 26 милиони евра)
13. Семјуел Л. Џексон – 30.5 милиони долари (околу 25 милиони евра)
14. Рајан Гослинг – 29 милиони долари (околу 24 милиони евра)
М. М. | Црнобело